Васил Гарванлиев: Сакам да бидам пример за младите деца

  • By klaster1
  • јуни 9, 2021
  • 0
  • 418 Прегледи

Овогодинешниот претставник на Македонија на Евровизија, Васил Гарванлиев не се прослави и не влезе во финалето кое оваа година се одржа во Амстредам, Холандија.

Тој беше дел од емисијата ,,Бекстејџ“ кади ги сподели емоциите, како поминала Евровизија и уште неколку интересни моменти.

– За мене настапот на Евровизија беше остварување на мојот детски сон, сонував дека еден ден ќе застанам пред таа голема сцена и ќе пејам.

– Не ме обесхрабрува тоа што не поминавме во финалето, јас гордо ја претставував Македонија, Македонската Радиотелевизија, и пред се самиот себе си.

– Самото појавување на сцена, сите тие пресови, сите тие интервјуа, и дружења остануваат врежани засекогаш, јас го дадов максимумот, вели Васил.

-Сакам да сум пример на младите деца, пораките од мајките и децата се фантастични, интервјуто е најубавото нештошто се случи дефинитивно, вели Гарванлиев.

– На 16 години и кажав на мајка ми што чуствувам и што сум, неможев директно и напишав писмо, а таа толку топло го прими тоа. Ми рече сине биди само среќен.

– Пр едрасуди ги имало и ќе ги има секогаш, приморани сме да носиме ,,маски“.  Јас во Торонто живеев 10 години таму пристапот е многу по друг. Овде сме помала држава и секако помало опшество.

– Не сум моментално љубовна врска, а сакам да сум заљубен и да бидам сакан, имам порака до луѓето, бидете тоа што сте.

Не се срамете, и додека не се смени сваќањата од типот ,,Што ќе каже комшијат“ нема да се мрдне од место, заклучува Ристе.