Ване Маркоски: Пријателе ќе го извлечеш подебелиот крај

  • By admin
  • јуни 9, 2021
  • 0
  • 1931 Прегледи

Без сомниени Ване Марковски важи за еден од најпознатите македонски водители човекот кој долго време не`забавува и информира пред малите екрани, со неговите емисии кои се од најразлични тематики.

Ване Маркоски е еден од нашите најпопуларни водители, и актуелен на социјалните мрежи. Речиси секојдневно тој е активен на своите профил на социјалните мрежи.

Пред извесен период Ване реши дека е време за промена па од Канал 5 направи трансфер во Македонската радио телевизија но и понатаму и таму продолжи да работи на утринската програма.

Пред неколку дена Ване Маркоски на својот профил на Инстаграм сподели фотка од своето работно место и притоа упати порака во која вели:

-Никогаш немојте да ги мразите луѓето кои зборуваат лошо за вас. Тоа е најдобрата лекција која може да ја научи човек за да биде среќен, без разлика на тоа каква професија и да има.

Факт е дека за тие луѓе треба да ви биде жал, да ги сожалувате, па на некои кои се подготвени, дури и да им подадете рака и помогнете. А, зошто?

Затоа што среќен човек зборува и превзема работи кои зрачат со убава енергија и се полни со убави зборови и мисли.

А тажен човек баш спротивното, рефлектира мрачни, лоши и одвратни работи, па ги пренесува на надворешниот свет, наоѓа „жр тва“ во било кој што ќе му се појави во моментов на патот, а тоа е најдобар показател во каква состојба му е душата моментално и колку стр ада.

Затоа помогнете кај што можете, бидејќи ако не им треба помош, нема преку правење на такви работи, потајно да ви го кажуваат тоа.

Денеска пак на својот профил на фејсбук тој сподели нова фотка од себе проследена со краток текст во кој вели:

Еден ден неминовно сите ќе си заминеме од овој свет. Ти и сите што ги познаваш околу тебе. И во краткото и ограничено време помеѓу овде и таму, бројот на нештата за кои треба да ти биде гајле е ограничен.

Всушност, тие се сосем малку на број. Па, оттука, ако не водиш сметка и ако ти е гајле за се и за секого, без да избираш за кого и што ќе ти биде гајле – тогаш, пријателе, ќе го извлечеш подебелиот крај.