Вчера во Скопје официјално е отворен Ист Гејт Мол, инвестиција вредна 103 милиони евра. Портата на новиот мол во Скопје е отворена за сите посетители, од земјава и блискиот регион, кои ги очекува најбогатата понуда за шопинг и забава во земјата и пошироко.
Ист Гејт Мол е евидентен доказ на успешно имплементираниот план за зацртаната визија на креаторите да создадат еден сеопфатен гигант, кој што се простира на 5 нивоа, како и да го реализираат позиционирањето на главниот град на европската и глобална шопинг мапа.
Проекциите навестуваат годишен број на околу 12 милиони посетители, а започнувајќи од денес, Ист Гејт Мол на секој посетител ќе му посакува добредојде со пораката, „Ти си центар“.
Интересот да се види новиот мол вчера беше повеќе од голем. Љубопитните посетитители пристигнуваат од секаде па во тој дел се закрчи сообраќајот.
Во големата гужва голем дел од посетителите кои доаѓаа со автомобили не можеа да се снајдат од каде е влезот за молот. На трговскиот иако официјално отворен се уште се работи, а во тек е и изградба на улица од страната на населбата Ќерамидница, па се создаде вистински хаос по улиците.
Инаку, Ист гејт мол се издвојува со модерен архитектонски концепт и нова генерација на ентериерен дизајн за комерцијални објекти, кои што го претставуваат молот во уникатно светло.
Објектот на Ист Гејт Мол, лоциран на само 5 минути од центарот на градот и веднаш до автопатот М4, е создаден со помош од над 2.500 вработени, се одликува со гигантски размери на вкупна површина од околу160.000 м2, како и на простор за закупување од околу 57.000 м2.
Во склоп на истиот се простираат 2000 паркинг места,220 продавници,кои нудат избор од над 600 брендови, од кои 40 се сосема нови, кои што за прв пат се претставуваат во земјата.
На отварањето беа пристутни многу познати личности од јавниот живот, но и од политичкиот врв на нашата држава.
Познатиот водител Ване Маркоски се огласи на својот профил на фејсбук на оваа тема и згрме и притоа напиша:
НемогуЧе.Ако ви се оди, одете, ако не, не ја тупете, посебно со статуси дека East Gate е новиот главен град на Косово.
Како што се брзо забораваме, така и за др амите во “Космос” со комбиња и автобуси не се сеќавате? Ама ваљда дека е Солун, па шема е таму да се те пате за попуст, а тука да седите дома и да јадете трици за East Gate.