Важна вест за Македонците со бугарски пасош за да избегнат непријаности кои значат време и пари

  • By admin
  • јули 9, 2021
  • 0
  • 10673 Прегледи

Општо познато е дека голем број наши граѓани поседуваат пасош на соседна Бугарија, а постојано се лицитира со вистинската бројка.

Утрово од Македонско – Бугарско Пријателство излегоа со соопштение за Македонците кои поседуваат бугарски пасош, а во истотот се вели:

-Почитувани пријатели,во обид да одговориме на одредени прашања кои се појавуваат по правило секогаш кога има избори во Република Бугарија,со цел да ве лишиме од непотребни административни трошоци, обрнуваме внимание на следново.

Секој македонски државјанин кој се стекнал и со бугарско државјанство, има и адресна регистрација на територијата на Република Бугарија. Таа неретко е поинаква од адресата на престој без оглед каде се престојува ( во Бугарија, Македонија,земјите на ЕУ или вон ЕУ).

Граѓанскиот кодекс кои ги регулира овие прашања, вклучувајќи ги и прашањата на Централната Изборна Комисија во Република Бугарија,по правило, во севкупниот правен поредок, лицето, носителот на ЕМБГ/ЕГН, го врзува токму со податоците од адресната регистрација.

Отсуството на правна комуникација на носителот на адресната регистрација со државните институции,најлесно се утврдува со континуирано некористење на избирачкото право.

По правило, после секој изборен циклус, одреден број граѓани се пр инудени да го регулираат ова прашање пред локалните и националните власти на Република Бугарија.

За таа цел, обрнуваме внимание навреме да се земе во предвид кажаното погоре, за да се избегнат (повторно) непријатности кои значат време и пари.

Затоа, најлесно за оние што се на територијата на Република Македонија е да излезат и да гласаат во некоја од секциите – Скопје, Штип,Битола, Охрид, Кавадарци и Струмица!

Со почит Македонско – Бугарско Пријателство