Бројките од ден на ден скокаат во Македонија – донесени новите мерки, ама за од слениот месец

  • By admin
  • август 17, 2021
  • 0
  • 838 Views

Бројките на лица со вирусот во Македонија скокаат од дена на ден и тоа со забрзано темпо што придонесе владата да уведен нови мерки.

Но граѓаните се прашуваат, зошто истите не започнат што е можно побрзо, туку од следниот месец.

Од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат:

– сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19; или

– сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или

– медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република  Македонија.

За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата после 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД – 19, ќе се одреди мерка карантин од 7 (седум) дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Странските државјани кои транзитираат низ земјата ќе можат да го направат тоа во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.