Браќата Ѓоко и Ратко од Кавадарци не јадат и по 5 дена: Не знаеме како сме живи се уште

  • By klaster1
  • јуни 28, 2021
  • 0
  • 24473 Прегледи

Ѓоко и Ратко од Кавадарци се браќа близнаци, имале скормно детство, работеле и земјоделство и сточарство уште како мали, но животот и задал голем уд ар, со кој неможат да се опорават и само тонат.

– Потекнуваме од село Рожен, работиме уште од 5 одделение, бевме изнама чени деца, одевме кај имотот на баба ми и дедо ми и таму работевме.

– Завршивме средно образование во Кавадарци и решивме да се преселиме овде, поради желба за подобар живот, додека работеше татко ми ситауцијата беше добра.

– Татко ми замина на работа едно утро и повеќе не се врати, сакал да помогне на едни колеги, и некое железо го нагм ечило, тоа беше неговиот крај, од тогап животот ни се сврте надолу, вели Ратко.

– Работевме земјоделие, односно лозје, имавме некој имот останат од дедо ми, но последните години моравме да ја чуваме и мајка ни, која за жал не напушти пред една година.

– Ние работевме неосигурани, и се крепевме колку толку од пензијата на мајка ми, и тоа не стигасе но колку толку имаше да се преживее.

– Садевме овде во дворот за да се прехраниме, дали пипер, домат и слично, не стигасе, а откако ја изгубивме и неа работите тргнаа надолу.

– Неможевме да најдеме стабилна работа, мајка ни ја чувавме, таа беше 7 години в кревет легната, исто така и земјоделието неможевме да го оставиме.

– Сме помагале на сите, понапред и на дечиња и на патот сум давал, но сега навистина сме во бе да. Две години ни е исклучена струјата, вечер ја пал име свеќата, често јадеме и сув леб.

– Сме имале и девојки и друштво, но сега ситуацијата е навстина не поволна, незнам каде ми е главата и ми е чудо како се уште сум жив, прит исокот цело време ми е висок, сето тоа е е од нервози.

– Цела година сме на леб и паштета ако останат пари, комшиите не гледат и велат „зар само со тоа двајца мажи ќе го поминете денот“ но што да правам тоа е немам.

– Еве од дворот цреши берам, тоа јадеме, нема кој да не испере, да зготви ручек, а треба да одиш на работа и што попрво, колку и да имаш желба за живот ти се бло кира се, кој ќе те прими таков парталав.

– Се случувало и по 5 дена да не ставиме ништо во уста, само вода пиеме, незнам како сме уште живи, се разбо левме, ни се одрази многу.

– Ако се обратиме на некој роди тие не не фермаат, ни велат си имаме работа, струјата е многу значајна неможеме ниту да се избањаме, ниту да зготвиме нешто ако воопшто некој ни даде нешто, велат овие бракја за ,,Срце на Дланка,,

– Желба ни е да ни се реши работнот прашање, па со тоа можеме и да си обезбедимие подобри услови и секако струјата да си ја платиме, која изнесува некаде околу 15 илјади денари.

– Не е проблем тоа ќе го одработиме ние, но треба да си свеж за да работис, да си нахранет, еве за грлото ми требаат лимони, но лимони можам само да сонувам, гладуваме едноставно, заклучува Ратко.