Бранко Црвенковски: Што ако сме принудени, не по своја волја, да бараме алтернативи

  • By admin
  • јуни 29, 2021
  • 0
  • 5720 Прегледи

Бранко Црвенковски кој беше македонски политичар од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и поранешен претседател и премиер на државата веќе со години е далеку од очите на јавноста.

Во текот на својата политичка кариера беше премиер на Македонија во периодот од 1992 до 1998 и од 2002 до 2004 година, како и претседател на Македонија од 2004 до 2009 година.

Црвенковски активната политичка кариера на Бранко Црвенковски започнала во 1990 година, кога станал член на Претседателството на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

Но јунскиот конгрес на СДСМ одржан на 2 јуни 2013, Бранко Црвенковски беше заменет со Зоран Заев како претседател на СДСМ.

Многу ретко сега може да го видиме Бранко во јавноста со некоја изјава откако се повлече од политиката.

Бранко Црвенковски, поранешниот претседател на Македонија, зборуваше на вчерашниот форум за Западен Балкан во Сараево.

Тој потсети дека секоја земја од Западен Балкан има поставено стратешка цел – членство во Европската унија.

Говорејќи за искуството на Македонија на тој пат, тој рече дека земјата не може да направи ниту еден чекор напред 12 години и потсети на барањата на Грција, Франција и Бугарија, кои, како што рече, немаат никаква врска со пропишаните критериуми од страна на Европската комисија.потребни за започнување на преговорите.

Тој потсети дека земјата дури го смени и името, но рече дека процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ е забавен, или како што вели тој, практично запрен.

Затоа, тој се прашуваше кои се намерите на европските земји и посочи дека некои земји го блокираат пристапот на нови членки.

„Што ако сме принудени, не по своја волја, да бараме алтернативи. Да не бидам погрешно разбран, јас не ги одбирам Истокот или Далечниот исток како алтернатива“, рече Црвенковски, објаснувајќи дека земјите од регионот треба да „се европеизираат со свои капацитети“.