Бранкица од Драчево за миг останала без ништо: Спие на отворено и импровизиран кревет

  • By admin
  • октомври 24, 2021
  • 0
  • 2768 Views

Бранкица Саитова е 45 годишна жена од Драчево Многу рано ги губи двајцата родители, па заедно со братот се преземени од Центарот за деца без родители.

Кратко време таа останува во домот, затоа што се појавува личност која ќе се обврзе да ја чува до 18 години, тетка Мелек. Таа ќе и биде и мајка, и баба, и поддршка и ангел чувар за се’ во животот.

– Моите родители заминале од овој свет доста млади, па така јас сум завршила во дом- семејство, ме исчува тетка Мелек, која за мене беше се, но и таа не е повеќе меѓу нас.

Посакувајќи свое семејство на кое ќе му обезбеди дом и љубов, Бранкица започнува семеен живот и раѓа три деца.

До пред седум години таа живеела под кирија со децата, како самохрана мајка. Се снаоѓала. Работела приватно. Не одбивала работа. Сакала само да ги изведе на вистински пат своите деца. Само јас знам како ги исчував и низ што се поминав-вели таа.

Под кирија седат до моментот кога Бранкица ќе дознае дека нејзината мајка, баба и ангел чувар, тетка Мелек, жената што ја исчува, е тешко блна. Па, таа со своите деца доаѓа во домот на Мелек во Драчево, да ѝ се најде во последните мигови.

„Камо да беше жива денес баба Мелек, барем за разговор, за убав збор, за поддршка да имав од некој – низ солзи раскажува оваа жена.

По заминувањето од овој свет на Мелек, нејзината барака и припаѓа на Бранкица и така таа се стекнува со свој дом. Домот и станува нејзино најубаво катче.

Таа со љубов и внимание го бира мебелот, го реновира, го уредува. И продолжува да живее среќно со своите деца.

Но, на 19 мај годинава, додека таа е на гости во Куманово, бараката во Драчево ќе изори до темел. Бранкица за тој не мил настан дознава дури другиот ден, кога ќерката дошла да ја земе од работа и ѝ вели дека има неу бави вести.

Тааа под отворено небо го поминува летото.Но како доаѓаат студените денови тоа станува се по неизводливо, затоа пред камерите на „Срце на Дланка“ замоли за помош и ја раскажува својата приказна.

Кога дошла во Драчево и го видела својот дом во пеп ел, рекла само: „Фала Богу, барем детето ми е живо. Што ќе ми требаше куќа, ако го изгубев најмилото!“

Синот на Бранкица, Орфеј, се обидел да спаси што може Барал помош, но и соседите биле немоќни.

Орфеј сакал да спаси дел од мебелот, па вадејќи кревет и други работи, му се затворила вратата, по што тој губи и дел од својата кожа, добивајќи изореници од трет степен.

Но, барем е жив – вели Бранкица. Што ќе ми требаше куќа, ако го изгубев него-постојано повторува Бранкица

Бранкица добила минимална помош од државата, со која купила дел од потребниот материјал за реставрирање на куќата. Но, многу е скапо.

Колку давам за материјали, толку ми бараат за работна рака. Бранкица е вработена во кујна во градинка и зема само 16.000 денари. Тие пари не стигнуваат ниту за прехранување, а не и да се санираат штетите и да се доведе домот до степен на место за живеење.

Во овој момент, таа со децата спие во импровизирани кревети. Од сите страни тече кога врне.

„Кога имаше гр ад пред неколку дена, раскажува Бранкица, сè влезе во собите. Не помогнаа ниту тепсиите, кои ги ставив за да врне во нив.“

Понекогаш одат кај пријатели за да се избањаат, зашто животот не е еден ден. „Но, никаде не е како дома. Не можеш да им сметаш и да им бидеш обврска на луѓето во денешно време.“

Навечер е најтешко. Во тишината, таа се сеќава на животот пред поарот. На тоа што сè имале. Па од преголемата желба да ѝ се обнови домот, таа дури сонува нови куќи.

Навечер седат на свеќи, готват на плинско, тоалетот нема врата, се бањаат со греена вода во корито. Живеат во импровизирани услови. Токму ваквиот живот ги раз болел и неа, а и децата. Имаат пр облеми со бубрезите, ги бо ли кичмата и често настинуваат.

Најголемата желба на Бранкица е да го среди домот. Таа верува дека има добри луѓе. Па, да и докажеме дека навистина е така. Зашто, нашето малку, за неа може да значи се!

Доколку сакате да и помогнете на Бранкица од Драчево да си го среди својот дом и заедно со своите деца да не премрзне во зимата, тоа може да го сторите на телефонскиот број 071 385 107 или на трансакциската сметка во продолжение.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.