Бојан со само 11 години е столб на семејството кое едвај сврзува крај со крај

  • By klaster2
  • јуни 5, 2022
  • 0
  • 366 Views

За жал сиромаштијата е присутна помеѓу нас, а во последното време и со новите посакпувања бројот на сиромашно население ке расте.

Ќе се зголеми и процентот на луѓе што не можат да си го дозволат и она најосновното, да се прехранат а камоли за нешто повеќе.

Кај некого и судбината си има поиграно и ги има оставено длабоко во дупката, од каде што тие тешко можат да излезат и да творат.

Слична таква судбина има семејството Стојичевиќ од Печинци( Србија ), семејство кое одамна се нема насмевнато и трга доста во животот.

,, Бојан (11) ни е највреден. Отиде да коси трева, па среќен се враќа дома со 500-1000 динари и гордо ни вели: „Погледнете што заработив! – вели самохраната мајка Светлана Стојиќевиќ.

Покрај Бојан, оваа храбра мајка од Прхово во општина Печинци, во тешки услови живее и со трите сина: Кристијан (17), Марко (15), Милан (14) и дедото Радован.

Светлана е со ош тетен вид и не работи, Радован нема услови за пензија, па единствениот сигурен приход за семејството е социјалната помош и детски додаток.

,, Поранешниот сопруг не плаќа алиментација. Принудени сме да се носиме како знаеме и умееме, па сите на некој начин се инволвирани. Кристијан учи за готвач, па се надеваме дека во иднина ќе најде работа – вели Светлана.

Семејството живее во стара куќа, која има три соби. Во едната спијат дедото и двајца внуци, а во другите преостанатие, велат од хуманитаранта организација ,,Србизасрбе.орг”

Татко ми одамна почна да ја гради куќата, но за жал немаме финансии. Најмногу би ни значело да го завршиме првиот кат, бидејќи има околу 90 квадрати, што би било доволно за момците – изјави Светлана.

ФОТО: Србизасрбе.орг

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.