Борчо по години работа во Германија и Русија: Џабе ми се пари, без здравје останав

  • By klaster1
  • јуни 22, 2021
  • 0
  • 6721 Прегледи

Сега на мои 65 години кога дојде време да направам преглед на изминатите години, посакувам барем во некои ситуации поинаку да се однесував.

Имам сè, фала му на Бога и сопругата и децата и внуците сите ми се живи и здрави и семејството ни е целосно. Тоа ки е најважно во животот, но сепак има нешто што постојано ме мачи, а тоа е здравјето.

Не знам колкумина ќе се пронајдат во моето искуство, но знам дека најголемиот дел од луѓето и порано и сега се селат во странство за да работат.

Мојот животен пат воопшто не беше лесен. Иако моите родители ми обезбедија куќа и работа јас не бев задоволен и сакав да имам што е можно повеќе, не сакав како нив да се стегам за да има за моите деца во иднина.

Како млад се снајдов некако и заминав во Германија да работам, секако моите многу се противеа – што барам јас во туѓа земја кога тука убаво си живеам? Откако заминав воопшто не се покајав поради одлуката, најдов и работа и стан и живеев сам неколку години.

Подоцна се оженив зашто веќе не можев да издржам сам, па и таа се пресели со мене. Си добивме и дечиња, таа се вработи потоа и баш бевме задоволни од сè. Искрено да ви кажам работевме како робови. Пари заработувабме многу, но и тоа колку пот истече од нас од работа.

Се случувало и во недели да работиме само за дневница повеќе, па дури и по две работи, кој што може да најде. Сопругата работеше во фабрика, а често одеше да чисти по куќи, а јас си држев градежно, сегде каде што имаше работа прв бев.

Бе знам што нè тераше толку многу да се изцрпуваме од работа, веројатно тоа што бевме млади и сè уште работоспособни. Еех, сега си ги чувствувам последиците од напорната работа. Пензионер сум, но не можам да кажам дека уживам во пензојата кога цела ја давам за лекарства и разни терапии.

Кој и да е, да работи по цели денови на секакво време и невреме отпосле ќе сфати колку го измалтретирал организмот. Одморот е од Бога даден, ама ете, кога човек се подлаже по пари не знае да запре. Дури имав период кога еден пријател ме повика во Русија да одиме неколку месеци.

Се плашев од студот, но како работник кој сака да искусува многу се нафатив и таму да отидам. Русија е многу голема и богата земја, а ретко кој од нашиве оди таму за да работи. Ние бевме неколку пати и заработивме доста пари, но секако со макотрпна работа.

Сепак поради децата не сакав многу да останувам и пак се вратов во Германија. Ако ништо друго барем со сè беа обезбедени тие, купивме куќа, автомобили за двајцата , куќата и дворот во Македонија ги реновиравме најмодерно.

Кога ќе ми текне 40 години поминаа само во работа, па ние одмор не знаевме што е, децата на море не сме го одвеле никогаш, тие кога потпораснаа сами си одеа со друштво. Ние знаевме само да работиме секој ден и тоа ни се исплати.

Сега моите деца ги советувам да работат, но и да си дозволат да одморат, да се прошетаат некаде зашто животот брзо поминува и ќе им биде криво ако немаат доволбо искуства. Сè што е материјално може да се купи, но здравјето и искуствата не можат.

Сега да ми е овој памет и јас така би правел, а не да ја плаќам цената на заработените пари со здравје. Сега имам сè , но здравјетп веќе не ме служи, се крепам само со лекарствата, сопругата исто како мене и таа се мачи со разни болести поради многу работа и предолго стоење.

Џабе ми се сега и парите и куќите кога едвај се движам, кога морам постојано да одам на терапии, бањи за да не сум здрвен. Пред неноја година веќе и не можев да работам, ме напушти снагата, па морав да се вратам во Македонија за да не правам само трошок на си от во Германија.

Тој е оженет и живеевме заедно во куќата, па за да не им пречиме и јас и сопругата се вративме тука. Дочекавме старосна пензија одовде и да ви кажам ништо повеќе не сакав, доволно ми беше колку да се крепам низ дома, ништо веќе не сакам.

Се каам само што морав толку да си го истрошам телото, па сега да не можам на раат да си играм топка со децата или да ги шетам во парк.

Порака и до вас младите, работете, напредувајте, но умерено, не се истрошувајте до максимум мислејќи дека ништо не ви е и можете да издржите, зашто сè доаѓа отпосле, телото ќе ви врати со иста мера.