Борче од Кавадарци: Леле луѓе што направивме – нека се чуе низ цела Македонија

  • By admin
  • август 9, 2021
  • 0
  • 26702 Views

Борче Стаменов денес се огласи на својот профил на фејсбук каде што објави статус во кој вели:

-Леле луѓе што направивме! 5 години постоење. Донирани 1000 компјутери. Безброј насмеани лица. Потрошени 0 денари.

Овака некако би го започнал денешниот долг статус. Но, не е само тоа шо сакам да го кажам денес. Денес сакам да им оддадам признание на сите кои беа со нас изминативе 5 години.

На сите кои во нашата авантура се вклучија со макар едно шравче, па макар и со едно споделување. Нормално, како прво тука се луѓето.

Оние обични луѓенца кои ја слушнаа нашата порака и се одзваа на повикот и секојдневно ни испраќаа опрема која веќе не ја користат, а понекогаш и по некое пивце. Ќе ги набројам и компаниите кои не поддржаа како иницијатива:

Еко Логистик Сервис, КЛИМИ.мк, Endava, Allocate Software Macedonia, Quipu, FX3X, Symphony Solutions / Symphony Solutions Skopje, Триглав Осигурување Македонија,КБ Публикум Инвест АД Скопје/KB Publikum Invest AD Skopje

Delegation of the European Union, Skopje, One Inside Macedonia, KAM MARKET, Silk Road Bank / Силк Роуд Банка, Кожувчанка, Netherlands embassy in Skopje, AKVA NET, Тирена Скави, ФУЛМ Штедилница / FULM Savings House, Konekt,Catalyst Balkans, ОКО ,Филолошки факултет,Фудбалска Репрезентација на Македонија,Контура (маркетинг), Радио МОФ,Сите оние кои обраа да останат анонимни!

Тука се нмормално и сите хуманитарни здруженија со кои имавме и имаме успешна соработка во нашата заеднича мисија:

Проект Среќа, Скопје, Хуманитарно здружение на граѓани на лица со хе ндикеп Илинден, Скопје, Подари Насмевка, Ресен, Вистински Дела На Љубезност, Real acts of kindness, Скопје , Dimche Kanevche, Охрид, TERNO VAS – Berovo, Хуманитарно здружение УМИЛЕНИЕ Виница, Rotaract Club Skopje, ZONA KAVADARCI, Фондација Отворено општество – Македонија, Ways2Help

Ќе ги набројам и многуте награди и признанија кои ни служеа како поттик никогаш да не застанеме. Оти во раце имаме народна иницијатива која му служеше токму ним, на народот.

Ја остваруваме замислата која ја имавме на почеток. Секому да му биде пружена еднаква шанса за квалитетно обазование. И од моја гледна точка успеваме! Сепак, колку и да ми се драги и да ми значат овие признанија, најголема награда ни беше искреното благодарам на крај на денот!

– Благодарница од Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди од Кавадарци за успешна соработка (27.09.2017)

– Награда за филантропија “ОКО” од хуманитарната организација Хорус за Индивидуален филнатроп од Република Македонија (26.10.2018)

– Златен волонтерски сертификат од Младински културен центар Битола за континуиран волотерски ангажман во заедницата (05.12.2018)

– Благодарница од Хуманитарно здружение “Млади Хуманисти” од Битола за Најхуман човек на годината (20.05.2019)

– НајКампања на Твитер за 2019 година #ДонирајКомпјутер @shlapatalo

– НајХаштаг на Твитер за 2019 година #ДонирајКомпјутер @shlapatalo

– Нај #СреќниСмеШтоТеИмаме Твитерџија/ка за 2019 година Стaменoфф @shlapatalo

– Благодарница од општина Градско за посебен придонес за развој и афирмација (16.12. 2020)

– НајКампања на Твитер за 2020 година #ДонирајКомпјутер @shlapatalo (14.12.2019)

– НајХаштаг на Твитер за 2020 година #ДонирајКомпјутер @shlapatalo (14.12.2019)

– Нај #СреќниСмеШтоТеИмаме Твитерџија/ка за 2020 година Стaменoфф @shlapatalo (14.12.2019)

– Сајт на годината, второ место во категорија Најдобра фејзбук страна/група (16.12.2020)

– Благодарница од Умиление за хуманоста и поддршка на здружението

– Благодарница од ОУ Гоце Делчев од Василево за посебен придонес и донација на компјутери

– Благодарница за Донирај Компјутер од хуманитарното здружение на граѓани и лица со хен дикеп Илинден за остварена соработка и заедничко делување на полето на хуманост

– Благодарница за Борче Стаменов од хуманитарното здружение на граѓани и лица со хен дикеп Илинден за остварена соработка и заедничко делување на полето на хуманост

– Признание од Проект Среќа за Борче Стаменов за посебни заслуги во помагањето на лица во социјален р изик и градење на еднакво општество за сите

– Македонски претставник во публикацијата на Европската комисија Secrets of Succes (04.06.2020)

– Посебна награда за Солидарност, Европјанин на годината доделена од Делгација на Еу (09.05.2021)

– Ковид 19 херои, Благодарница доделена од Европската делегација (06.2021)

– Награда за предводник на целите за одржлив развој за 2021 од здружението Конект (29.06.2021)

И тука некаде ќе го спомнам и “финасискиот” дел. Во овие 5 години имаме добиено околу 1500 половни компјутери. Околу стотина од нив беа некористиливи или прастари за да може да се искорисни било што од нив.

Преостанатите 1400 да речеме, се проверувани по повеќе пати за исправност. Од нив имаме искористено делови за да докомплетираме други. И така стигнавме до бројот 1003 донирани компјутери.

Ако ги претвориме тие 1400 во работна рака или финансии, само за проверка или дијагноза имаме донирано 840,000 денари. Пошто останаа 1003, сите тие подлежеа на процес на средување (инсталација на ОС и програми).

Во просек таа работа чини околу 600 денари. Со тој чекор во облик на работна рака и време сме донирале уште 601,800 денари.

Ако ги претвориме тие 1003 компјутери во средна продажна цена на половен компјутер (куќиште, монитор, тстатура, глувче, кабли за поврзување) која изнесува некаде околу 6000 денари, добиваме сума од 6,018,000 денари.

Или ако ставиме се на едно купче добиваме износ од 7.459.800 денари или ако го претвориме износов во омилената валута на нашите политичари тоа би било некаде 120,319 евра. Само што ние за разлика од нашите политичари потрошивме 0 (нула) денари, донесовме среќа и почит низ цела Македонија.

И не застануваме тука. Веќе е основано нашето Здружение Донирај Компјутер Кавадарци каде секој од вас, доколу има желба и можност од било каде во светот, да даде свој придонес во нашата борба за намалување на нееднаквоста и сиромаштијата во Македонија.

Сметка за донација ќе објавиме во наредните денови. Да помогне во нашата бо рба секое дете, секој човек да добие еднакви шанси за подобро и поквалитетно образование и живот воопшто.

За крај, уште еднаш, ви симнувам капа на сите знајни и незнајни херои и ќе Ви се заблагодарам што бевте и сте силен ветар во грб сиве овие години!

И за крај нашите денешни донации одат во: – 995, Куманово – 996, Струмица – 997, Пеширово- 998, Ранковце- 999, Ранковце – 1000, Свети Николе

ДонирајКомпјутер, споделете нека нека се чуе низ цела Македонија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.