Блаже: Како одминуваат годините во Словенија – си велам зошти и во Македонија не е вака

  • By admin
  • јуни 1, 2021
  • 0
  • 1938 Прегледи

Во животот никогаш не сум се споредувал со други, ниту пак ми било важно како живее некој друг или што работи. Нас постарите не израснаа со други вредности, не се занимававме кој колку има и каде живее.

Сега е поинаку, луѓето се споредуваат и се однесуваат како на натпревар да се покаже кој колку богатство има. Не се фалам, јас си имам пари доволно колку за живот.

Соседите и пријателите од порано ми зборуваа, ех отиде во странство да работиш, сега си полн како брод. Да беше така ќе бев многу задоволен, но не е, си имам и јас трошоци. Веќе 15 години како сум преселен во Словенија.

Овде живеам и работам. Работев во една фирма кај нас, но имаа долгови и се затвори па останав без работа. Децата беа веќе пред факултет и не можев да ги оставам така.

Со сопругата одлучивме да оставиме сè и да заминеме да почнеме нов живот. Се знае на почеток е секогаш потешко, плус па ние четворица бевме и дури се снајдовме со работата навистина беше тешко за издржување.

Но сè е навика. Веќе сме адаптирани на оваа средина и за ништо не би ја менувал. Сопругата работи во еден ресторан, јас на занаетот повеќе од 15 години. Децата ги школувавме тука, завршија факултет, си најдоа работа, а едниот веќе и женет е.

Се снајдовме за брзо време, овде има многу Македонци и сите не пречекаа со волја за помош. Да живеевме во Македонија не знам дали ќе имавме толку мирен живот каоп тука.

Словенија е навистина мирна земја, си има ред секаде, култура.. за чистотата и природата да не зборуваме. Претпоставувам дека сите сте слушнале за тоа колку зеленило има овде.

Не само што има убава природа, туку и се одржува, а тоа е поважно. Таква култура не сум видел никаде. Луѓето се навистина пријателски настроени, фини, еве повеќе пријатели имам одовде отколку од Македонија.

Старите пријатели ме заборавија. Како да не правам споредба сега? Кај нас луѓето ќе ги изеде љу бомората и за виста – тоа е единствената вистина. Тука дури ти помагаат луѓето, те туркаат за да успееш.

А и овие се луѓе и нашите се луѓе. Цело време се прашувам каде е разликата. Какоможе менталниот склоп толку да се разликува? Зошто кога и кај нас има толку убава природа, планини, реки, буквално во изобилство, луѓето не се однесуват спрема природата исто како тука? Ниту спрема природата имаат однос, ни па спрема луѓето.

Таков народ како нашиот не знам каде постои на друго место. Дури и во иста држава сме биле порано и пак кај нас условите за живот се полоши.

Платите се ниски, природата се уништува, народот нема за леб, а камоли да си дозволи барем 5 дена годишно да оди на одмор.

Каде е проблемот? Еве пред некој ден слушав се сечеле големи дрвја за да се расчисти корито на река, се сечат дрвја во шумите.. зошто се скратува од правото на чист водух?

Кога ќе се замислам така сопригата цело време ме прекорува зошто се замарам. Е како да не се замарам кога навистина е така. Да ги прашувате луѓето колку се задоволни од животот таму, можеби мал процент ќе одговорат позитивно, другите живеат од ден за ден, без надеж за убава иднина.

Каков живот е тој ако не можеш да најдеш секојдневен мир, ако си во неисвесност за иднината на твоето дете, ако не знаеш дали утре ќе имаш да му дадеш пари за на училиште?

Од една страна сум среќен што сум заминал оттаму и моите деца си го најдоа вистинскиот пат, но од друга сум многу незадоволен од состојбата таму, се прашувам што ќе беше поинаку ако останевме во Македонија..

Денес секој спасот го гледа во иселување од земјата, но зошто никој не се труди да промени нешто внатре за да може да се живее поубаво? Ова се можеби прашања што немаат одговор зашто секој си гледа да дојде до пари за леб, а не да се труди државата да оди напред“, вели на крај Блаже.

Обработил: Д.С, Фото: Илустрација.

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк