Александар Горгиевски од Штип е добро познато име и презиме во македонската јавност, а како и нема кога делата за самиот говорат доволно се.
Младото момче кое работеше како пожарникар, работна позиција откако доби отказ потао реши да замина на работа во Швајцарија и да си ја побара среќата таму.
Но Бате Аце како што го запозна пошироката јавност реши да се врати повторно во родниот крај и да започне една благотворна работа.
Хуманитарецот Александар Ѓеорѓиевски, која на македонската јавност и е познат и како Бате Аце зад себе веќе има бројни хуманитарни акции.
Во меѓувреме тој основаше и својат хуманитарна организација под име Подај Рака Спаси Живот која е и тоа како активна.
Пред неколку месеци на Аце конечно му се исполни големата желба и се врати на својата работна позиција, пожарникар во Штип.
Но и понатаму продолжи со хуманата мисија, а за тоа сведочи и потегот за кој објави на неговиот профил на фејсбук, а во кој кажа:
Од мојата прва пожарникарска плата дел од платата одлучив да ја пренасочам во хуманитарни цели и со средств денес ќе донирам за нашата сограѓанка Тања Манасиева антидекубитален душек кој и те како и е потребен на жената.
Истиот денес во 13 : 00 ќе го доставам на сестрата на Тања Ilvanka Dzovani Kozareva.
Исто така сакам да потенцирам дека од страна на моите колеги пожарникари се собрани 2500 денари и истите се веќе предадени и донирани за Тања. Подај Рака Спаси Живот. Александар Горгиевски.