Барбара од куварка до камионџика: За мене нема женска или машка работа

  • By klaster1
  • август 5, 2021
  • 0
  • 1503 Прегледи

Наместо да излезе од кабриолет или или од веспа, Барбара Абишиќ гордо излегува од своето милениче, односно како го нарекува ,,тешкашот,, од 14 тони, колку тежи камионот.

Барбара Абишиќ (22) од Нашице во Хрватска, сакала камиони од мала, и како што рече во интервју за порталот ,,24.сата,, пред да се обиде да ја вози го вози својот миленик, била готвачка.

Меѓутоа, кај неа преовладуваше љубовта кон камионите. Како што вели се разликувала од својата генерација и не и смета што се справува со ваков гигант.

– И татко ми вози камион, јас бев со него цело време во близина на камионот, но не знам точно од каде ја добив таа љубов“, вели таа низ смеа.

Таа вели дека сака да вози и дека постојано е во возилото, што само ја забрзало промената на работниот однос и љубовта кон него.

– Оваа работа е доста добро платена, јас не ги делам работите на машки и женски, се може да се работи доколку сака, нема никави пречки.

Нејзиниот сегашен пријател на пат, односно камионот што го вози, е машина тешка 14 тони. Кога ја гледа зад воланот, вели дека најчесто добива аплаузи од поминувачите.

„Сите се смеат, ми аплаудираат на пат кога ќе ме сретнат, на некој и е доста интересно и смешно што ме гледаат за д воланот…“, вели Барбара за порталот ,,24 сата,,

Она што на многумина им паѓа во очи, е неговата висина додека се качува во камионот. Имено, Барбара е висока околу 160 сантимери, а во кабината на нејзиниот миленик, таа е само парче од мозаикот.

Поради разните предрасуди таа се соочувала со проблеми да најде работа, бидејќи каде и да отидела наишла на затворени врати но нејзиниот сегашен шеф е исклучок.

„Мојот работодавец е единствениот што ми понуди работа“, рече таа, додавајќи дека кога дознал за нејзината љубов кон камионите, шефот бил тој што ја контактирал.