Баба Јованка од струмичко е со мал дом, но со големо срце – прими семејство од Украина

  • By admin
  • април 11, 2022
  • 0
  • 411 Views

Кога хуманоста ќе се стави на прво место, тогаш не постојат никакви пречки. Се наоѓа универзален јазик за комуникација, а малата куќа станува голема.

Пример за тоа е Јованка Цонева од струмичко Василево која го отворила нејзиниот скромен дом и понудила загрижување на семејство од Украина.

Ги споило случајното пријателство од Фејсбук, но тогаш никој не претпоставувал дека тоа ќе биде мост преку кој Татјана и нејзината ќерка Јулија ќе дојдат до сигурен дом додека трае кон фликтот во нивната држава.

„Пријатели сме од фејсбук, па кога почна сето ова во Украина таа ми се јави дали ќе ги примам. На секој човек заслужувам да му помогнеш, па јас ги примав, ги поканив“ вели Јованка во изјава за ТВ Сител.

Семејството на Јованка брои пет члена, а куќата е мала, но ним тоа не им е проблем. Вели со добра организација има место за сите.

„Доволно има простор, тие спијат во една соба. Додека се тука ќе придодадеме, изградиме уште нешто. Се снајдовме, како можеме така.

Јованка не знае украински, а гостинките македонски, но се разбираат.

„Многу баш не ги разбирам јас. Момичката ми кажува преку телефонот и така. Тие пак се ме разбираат, но не може да ми одговорат“ вели Јованка.

Татјана и нејзината шеснаесетгодишна ќерка во Македонија се веќе три недели. Патувале четири дена низ шест држави. Кога дошле тука биле прифатени како дел од семејството.

– Добро е, луѓето се многу добри и одлично не прифатија, не само баба Јованка, туку и нејзините внуци. Сите не прифатија како свои, вели Јулија.

И покрај топлиот прием и на Татјана и на Јулија им недостасува домот. Се надеваат дека состојбата наскоро ќе се смири а тие пак ќе бидат со своите блиски.

– Се надевам дека наскоро се ќе се заврши и да се вратиме дома, вели Татјана.

– Сакам што поскоро да заврши се и да си одам дома во Украина. Таму останаа сите мои пријатели, вели Јулија.

Додека престојуваат во Македонија, Татјана и Јулија освен од семејството Цоневи поддршка добиваат и од волонтерите на Црвениот Крст. Со нивна помош деновиве ќе започнат да го учат и македонскиот јазик.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ Сител.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.