Баба Олгица од беровско сведочи како синоќа спасувала жива глава

  • By klaster1
  • април 27, 2021
  • 0
  • 8046 Прегледи

Голем пожар утрово однесе две семејни куќи  во беровско Владимирово, на улица ја остави Олгица Косевска, која едвај можела самата себе да се спаси.

-Се разбудив сабајлето, случнав бучава и силно крцање, истрчав надвор, едно од комшите кажа дека куќата гори, вели Олгица.

Овој пожар остави само го ли ѕидови кој се единствените спомени за животот што го живееле и граделе две семејства на овој простор.

Заедно со куќата на Косевски, пожарот однесе и куќата на нивните роднини кој живеат во Скопје, но летата ги поминуваат овде.

-Овде често доваѓаме, се ми беше средено, имав овде многу битни работи и спомени, но за жал сега нема ништо, се е претворено во пепел, вели Николинка.

Силниот ог ан и ветер кој што синоќе дувал во Малешевијата бил голема за кана за помасновно да зафати и други куќи.

Благодарение на брзата интервенција на Противпожарната единица, другите куќи се спасени.

-Апелирам до градоначалникот и надлежните служби да ни помогнат да го расчистиме шутот и да почнеме одновно да го средуваме домот, вели синот на Олгица.

Синовите на Олгица живеат во Скопје, додека таа живееше тука и преживуваше со скормни средства, односно шест илјади денари социјална помош, па затоа што побрзо и е потребна помош, со која Олгица би продолжила да живее, пренесува Телевизија Стар.