Баба Драгица од Штип два месеци не може да докаже дека е жива – останала и без пензија

  • By klaster1
  • мај 7, 2021
  • 0
  • 924 Прегледи

Два месеци, штипјанката Драгица Панова пред Фондот за ПИОМ не може да докаже дека е жива. Нејзината би зарна приказна, започнува откако останала без нејзиниот сопруг, на почетокот на годинава.

-Сопругот поч ина на 4 јануари годинава, на истиот датум тогаш сум заведена и јас дека сум по чината ама незнам од кој причини.

-Од јануари наваму јас немам добиено пензија, никој не сака да ми објасни, си ја префрлаат топката од едни на други.

Драгица веќе подолго време се обидува да докаже дека е жива, со цел да си обезбеди пензија која и ја прекинале, но обидите се неуспешни.

-Во март месец ми рекоа ајде ќе биде, потоа и во април иста приказна и се така, немам денар добиено пензија, вели Драгица.

Таа во меѓувреме се снаоѓа како знае и умее, земајќи од пријатели и роднини

-Јас земам на заем пари, но сега кога дојде ред да ги вратам, како и од каде и самата незнам, ова е навистина срамно и многу ниско ниво за цела земја. Од жив да те направат по чинат.

И од фондот се обратија во врска со овој случај.

-На 24 испративме известување до Одделението за исплата на пензии во Скопје, од каде повторно побараа документ за лична идентификација и оформен документ за живот.

-Но досега лицето Драгица Панова не се има обратено кај референтот за права од прв степен да достави лична карта. Доколку се јави ние ќе го доставиме предметот до Скопје, со што нејзинито случај би бил решен, пренесува Телевизија Стар.