Баба Вида од Штип живее во страв: Во секој момент може да и падне куќата врз глава, моли за помош

  • By klaster1
  • јуни 21, 2021
  • 0
  • 1488 Прегледи

Секој ден е риз ик за 70-годишната штипјанка Вида Стојанова. Зак ана по животот и здравјето и е сопствената куќа , стара преку еден век и никогаш досега не реновирана ништо.

– Куката во која што живеам буквално се распаѓа, ми е страв да не падне, на страв живеам, нема кој да ми помогоне, вели баба Вида.

– Приходите ми се многу ниски, зимам пензија од околу 10 500 денари, но плаќам кредит 1500 денари месечно,и на мене ми остануват некаде помалку од 9 илјади денари.

-Многу е тешко да се преживее, ем и во овие години сум, навистина не е лесно, нема никој

Покривот само прашање на време е кога ќе падне, и дали ќе го издрзи следниот посериозен дожд, прозорците дуваат од сите страни.

Таа е принудена помош да бара од надлежните, односно институциите, бара да и се додели некоја гарсоњера или барем, да се реши ситуацијата со оваа куќа.

– Барам да се реши ситуацијата со оваа куќа или да ми се додели некое мало собче, ова не се издржува, на страв живеам, вели 70 годишната Вида.

– Проблемот не е од сега, погледнете, испу кани се ѕидовите, прозорците не ни личат на прозорци, живото не е сигурено овде, вели за ,,ТВ Стар“ баба Вида.

Куќата на баба Вида е единствена и воочлива во населбата на улицата Карл Маркс во Штип, осамена и расп адната и таа се обидува да и пркоси на годините како и баба Вида и да се бо ри за опстанок.

До кога ќе издржат и куќата и баба Вида навистина не се знае, прашање на време е кога куќата ќе се распадне и ќе и го доведо во прашање животот на Вида Стојанова.