Аце од Штип: За прв пат ги обединив власта и опозицијата

  • By klaster1
  • јули 15, 2021
  • 0
  • 1348 Прегледи

По сторијата за малата Мишела од Куманово која живееше во импровизирана опо жарена куќа заедно со својата баба, и која легнувала со гладен стомак, се крена цела нација на нози.


Еден од нив е и хуманитарецот Александар Георгиевски, кој се истакна најмногу и се ангажираше да и го исполни сонот на Мишела и да има пристоен покрив над главата.

Тој по низата проекти, се зафати и за овој проект, заедно со екипата која помага од срце цело време, тој и неговите пријатели ја израдуваа за нејзиниот роденден.

Исто така тој го искористи моментот и упати пораката и до власта и опозицијата, и им порача дека така сплотени можат да направат многу.

– Ако на нешто сум горд и среќен во оваа хуманитарна акција во Куманово е тоа што успеав за прв пат да ги обединам и власт и опозиција да помагаат хуманитарно на фамилија која е социјално загро зена и оставена на милост и немилост.

– Сакам јавно да се заблагодарам и на едниве и на другиве и да потенцирам дека тука во Куманово на тест ги ставив и овие од власта а и опозиционерите и најодговорно тврдам и ке кажам реагираа и помогнаа за изградба на оваа куќа со еден збор и помогнаа .

– Мојата цел е бит ка на ваков терен да водат нашите политички елити, тука да се натпреваруваат сакам да ги гледам како помагаат на сиромавиот македонски народ.

– А не да го делат разединуваат и омразуваат ако сакаме да имаме држава на прво место секогаш мора да е болниот немоќниот изнемоштениот стариот сиромавиот секогаш.

– Правете добро за народот да ве памети по добро како што сте тргнале верувајте на лош пат сте и имате многу лош рејтинг од мене еве ви еден бесплатен совет.

– На сите вас што сте во политиката и имате некаква моќ и функција која е од витално значење за државата ПОМАГАЈТЕ на народот ПОМАГАЈТЕ прв пат за вас пишувам РЕСПЕКТ се надевам нема да е последен овдека во Куманово покажавте човечност.

– Се надевам дека и во иднина ке имаме заедничка соработка и ке помогнеме на многу фамилии кој се социјално за грозени.

– Јас ке бидам тука да ви укажам колку само народот наш македонски е доведен до сиромаштија и немаштија, ваше е секаде да помагате и реагирате бидејки силата ја црпите од тој народ без тој народ вие сте никој и ништо .