Аце од Штип: Бесен сум како никогаш до сега, каде ќе и оди душата и на фамилијата и на институциите

  • By admin
  • април 30, 2021
  • 0
  • 24105 Прегледи

Многумина од вас се сеќаваат за сторијата на своевремено угледната професорка и директорка во гимназијата во Штип која денес на нејзини 89 години минува повторно низ тежок период.

Минатата година по објавување на сторијата голем број хумани граѓани се обедини, на чело со Александар Горгиевски за да и помогнат.

Меѓутоа, како што сведочат нејзините соседи за локалната „Мнет ТВ“, жената по име Милена повторно е со истири проблеми.

Таа поради нејзината болест и старост повторно шета босна по сред улица, а како што вели еден нејзини сосед често седи во мрак и без струја кога истата ќе се расипе, а се случува и да биде гладна.

Докажаниот хуманитарец Александар од Штип ја потврдува оваа вест, а вечерва тој сподели видео од сторијата и притоа напиша:

У оваа наша држава дефинитивно ништо не функционира. Женава повторно е оставена на милост и немилост. Јас од срце помогнав и еден месец со Бојан Божиновски дадовме се од себе да го очистиме станот да ја подигнеме жената.

Успеавме и оставивме на фамилијата натаму да продолжи тоа што ние започнавме но очигледно е залудно беше се.

Незнам каде ќе и оди душата и на фамилијата и на институциите ама дефинитивно бесен сум како никогаш до сега.

Бесен што како град, како Штипјани дозволуваме пред наши очи да се дешаваат вакви работи а никој ништо да не реагира. Господе јас не можам да и судам суди и ти на овие бездушници !