За пријателство помеѓу Атиџе, главниот лик од документарецот „Медена земја“ и пејачката, водителка и авторка Сузана Турунџиева не е потребно да се трошат премногу зборови.
Иако многумина добри и хумани луѓе и помогнаа на скромната Атиџе, таа сепак и понатаму е во слаба финансиска ситуација.
Во последно време Сузе е позната по собирањето камчиња и нивно декорирање со најразлични дезени и бои за кои врши и нарачки. Но, она што го сподели како новина со јавноста е дека всушност нејзиното хоби има и благородна мисија, па пред околу еден месец напиша:
„Мислам дека не треба да потенцирам кој(а) ми беше инспирацијата за овие камења?! Атиџе се разбира – жената од која можевме многу да научиме, ама за жал ништо не научивме.
Чест на исклучоци кои покажаа дека се луѓе од збор и луѓе со срце и совест. Мисијата за Атиџе продолжува, следен предизвик е обезбедување на огревни дрва за претстојната зима, средување на дворот, оградување на истиот и изградба на летниковец…
За сите кои сакате да се вклучите во мисијата и да го убрзаме процесот на реализација пред почеток на зимата, пишете ми во инбокс.“
Попладнево Сузе беше на гости кај Атиџе, па од нејзиниот двор се огласија со песна и видео порака, а притоа и информира:
Доброто секогаш раѓа добрина…Неописиво е задоволството кога имаш можност да поттикнеш и обединиш добри и хумани луѓе и компании
Огромна благодарност до пријателите од Рес-Ком кои се потрудија на Атиџе да и обезбедат огревни дрва за претстојната зима