Анте не можел да си поверува: За еден сендвич ми наплатија 1.000 денари, а за вода 300 денари

  • By klaster2
  • јуни 29, 2022
  • 0
  • 486 Views

Во тек е летната сезона и период во кој повеќето од нас размислуваат каде да го поминат летниот одмор и да уживаат во сонцето.

Најпопуларни дестинации се секако најблиските дестинации како што се Грција, Бугарија, Албанија, како и Црна Гора но и Хрватска.

Два сендвичи, три кроасани, сок од јаболко, кока-кола, газирана вода и две капучина во ресторан на хрватското приморје чинат дури 4300 денари.

Сметката со неверојатни цени беше објавена на Твитер и брзо почна да се шири на социјалните мрежи. А човекот кој го доживеал ова Анте има што да каже.

Сендвич во хотел во Опатија чини 950 денари, кроасан 230, а цените на пијалоците се изненадувачки. Капучиното чини дури 290 денари, како и сок од јаболко и кока-кола. Газирана вода поевтинува пак околу 250 денари.

„Кафулето е малку одвоено од хотелот и на никаков начин не се издвојува од другите кафулиња во Опатија. Затоа не гледам некоја посебна причина за ваквите цени.

Нема ценовници на масите, кои можете да ги видите на фотографиите што ги испраќам“, изјави за Рипортал, Анте кој останал со подотворена уста.

– Дефинитивно уште еднаш не би седнал во овој локал, небаре од злато се сите овие продукти што ги уживав во локалот, додава тој.

Да имаше некој квалитет да разберам, да порачавме некој специјалитет на куќата да разберам, но ова ги минува сите граници.

– За овие пари што ги плативме на друго место ќе јадевме и ќе пиевме до незаборав и ќе имаше од пиле млеко, вели изреволти раниот Анте.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.