Анета Молика распали утрово: До ден денешен не сум наплатила ниту еден единствен денар

  • By admin
  • мај 9, 2021
  • 0
  • 13590 Views

За Анета и Молика се знае дека се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас, апсолутно секој викенд им беше букиран, а беа и чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега, зборуваме за периодот пред ситуацијата со вирусот.

За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас! Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“, која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели дека она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око.

Една од најпознатите македонски пејачки која воедно го поседува најмоќниот женски вокал во земјава, Анета Мицевска со публиката се дружи од нејзина 14 годишна возраст.

Таа вели дека иако е многу тешко да се издржи овој период без нивните свирки и дружбата со фановите, сепак мора да се продолжи напред и тоа само со позитивни мисли.

Анета Молика рано утрово се огласи на нејзиниот фејсбук профили и порача:

Во изминатите 20-25години од кога се занимавам со оваа работа сум снимила многу Светски,Балкански,Македонски итн хитови.

Од сите тие светски(Англиски,Француски)хитови никој ама баш никој не се дрзна да бриши (по не знам кој пат)мои видеа од Јутуб освен само и само нашите Македонски и Србските автори и изведувачи.

Јас ги разбирам зошто го прават тоа.Да ги подсетам јас имам Официјален Јутуб канал меѓутоа до ден денешен не сум наплатила ниту еден единствен денар од сниманје на други хитови.

Многу од тие заборавени песни сум ги вратила во живот и повторно се бараат и слушаат а целта моја е и ќе биде само да не се заборават и народот да слуша убава музика без разлика дали е Македонска,Србска,Англиска итн.

Почитувани автори и изведувачи, колеги и колешки колку и да бришите не можите вие да избришите колку што јас можам да снимам како мои песни така и Народни хитови и да продолжам да го веселам Народот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.