Андреј од ДНК: Гледам денешниве млади ставаат имиња на децата како на кучиња

  • By klaster1
  • мај 20, 2021
  • 0
  • 3182 Прегледи

Андреј од мега популарното дуо ,,ДНК,, кое плени повеќе од 15 години на музичката сцена во Македонија, успева да опстојува благодарејќи на сплотеноста на Андреј и Панчо, но секако и квалитето на тоа што го работат.

Во емисијата ,,Опуштено,, со Тони Михајловски учестуваше Андреј, кој сподели интересни работи, од приватниот живот а исто така и за начинот на кој тие опстојале толку време и нивната музика.

-Јас сум по потекло од Дебар, сопругата е од Кумановско, имаме куќичка во с.Драгоманце, каде што имам баба и дедо. Кога сакам да се релаксирам и да го пронајдам својот мир одам таму, тоа е едно прекарсано мирно место.

-каде што можат да се наполнат батериите. Во план ми е таму на тоа место да изградам една соба две и би одел таму секој слободен момент кој би ми се пружил.

Со сопругата сме 7 години заедно а веќе 5 години ја имаме ќерката Јана, не сакав да експириментирам со имињата, сведоци сме денес и доста гледам како мноуг млади родители на децата им даваат имиња на деца чиниш кучиња сме.

Сакав да го задржам она традиционалното. Мислам дека сега со ситауцијата со вирусот повеќе време посветивме дома со семејството.

Ќеркичката ме исполнува, истотака љубител сум на цвекиња во мојот стан цела тераса ми е со цвекиња тоа ме исполнува.

Можам да кажам дека една од моите омилен песни е ,,Што сака нека биде,, таа е посветена на една моја поранешна девојка.

Знаете тој период се затворате дома и мислите, и ми дојде тоа врескање и тие некој емоции прераснаа во песна, што е допре до уште на многумина. А исто така и песната ,,Срце,, која остава значаен белег.

– Еве сега да ги прашате моите другари од Дебар, каков сум бил претходно и каков сум сега ќе видите што ќе ви кажат, јас сум буквално истиот дури и на настапи, не сме од оние кои имаме обезбедување па дури и до тоалет, си чекаме ред.

Тоа што сме цврсто на земја и не летам во облаци не прави долговечни, заклучува Андреј. Ова со вирусот е еден вид на добро што се случи бидејќи не освести да видиме кој до каде е.

– да си помислиме за значењето на животот и сите тие нормални работи што ги правевме наеднаш исчезнаа и да бидеме среќни со тоа што го имаме, вели Андреј.