Ана: Утрово ми текна на Борче и му пишав, што биде нека биде, а човекот од еден збор – ќе средиме

  • By admin
  • јули 27, 2022
  • 0
  • 490 Views

Професорката Ана Симонова од Кочани се огласи на својот профил на фејсбук каде што напиша:

Од каде да почнам денес, уште рано во 7 негде станав и ми текна дека иде школска година, и можда трет, четврт бран ков ид, којзнае.

Учениците во нашето училиште кое патем е најстаро училиште во градот “Раде Кратовче” ќе немаат повторно услови за пристап до компјутер, интернет.

Децата се голем дел од социјално заг розени семејства. Ми текна на Борче Стаменов, донирајкомпјутер и му пишав, што биде нека биде.

Не сакав многу да го гњ авам му образложив во која ситуација сме и му реков Борче, да не те гњ авам многу проблеми се многу главниот е дека нема

Нема што нема, нема компјутер, нема фасада, нема добар ков, ама ај да почннеме од нешто. Човеков луѓе… Од еден збор…”ќе средиме”.

Му ѕвонам пресреќна на директорот и викам ќе средиме, рачунај ќе биде подобро. Ти благодарам Борче што не морав да објаснувам зошто и како нема, како училиштата ни немаат основни услови, како ни протекува дожд кога врне, како ни се рони фасадата и неаме спортска сала.

Се разбравме како луѓе од 21 век кои живеат во 16 ти. Учениците и целиот наставен кадар ќе ти бидат благодарни за овој благороден гест, да овозможиш полесен и современ пристап за учење на нашите ученици.Ќе имаме дури две училници со компјутери.

Воедно сакам да ја прашам Општина Кочани кога ќе врне како да правиме, да носиме чадори или има друга опција? За внатре зборувам, да.Уште еднаш ти благодариме од срце и те очекуваме во Кочани.

Овој нејзин статус го објави самиот Борче Стаменов на својот профил на фејсбук и притоа напиша: Опремуваме уште едно училиште. 2 училници со по 15 компјутери во Кочани. Денов, бомбона

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *