Александар и Душка со децата се вратиле од Германија, па купиле кози, овци, кокошки, патки и свињи

  • By klaster1
  • мај 2, 2021
  • 0
  • 3447 Прегледи

Дека воздухот во нивната татковина е најубав, а тревата е најзелена се увериле Душка и Александар Радовановиќ од селото Ријечани кај Лакташи.

Душка е лиценциран сметководител и наставник по англиски јазик, а Александар е бравар, пренесува ,,Српскаинфо,,.

Иако нивните деца требало да одат на училиште во Германија, каде отишле гладни и без пари ова семејство реши да се врати и да основа своја фарма.

Тие велат дека сега им е убаво и дека можат да живеат од тоа, а ги продаваат вишоците производи.

Поради проблеми со алергии и астма, тие прво купија коза , а сега одгледуваат и овци, кокошки, патки и свињи.

Со помош односно субвениција од Владата на Република Српска, тие набавија стаклена градина во која ќе садат и расасдуваат растенија и ќе прават своја банка за семе, пренесуваат соседните медиуми.

Тие се одлучија за био производство, без сертификат, бидејќи сметаат дека секоја форма на хемија е штетна.

Велат дека во природата имаат сè за одгледување на растенија, но и лекови за секоја човечка болка.