Австрија се огласи околу новите правила за влез во земјата

  • By klaster2
  • мај 22, 2022
  • 0
  • 226 Views

Корона вирусот веќе две години е дел од нашето секојдневие, за жал тој не промени многу како на здраствен така и на финансиски план.

Изгубивме доста блиски роднини, пријатели и слично, па може да кажеме и дека се навикнавме на животот со него и сите предизвици што ги носи.

Како и кај нас така и во светот полека но сигурно рест рикциите поврзани со корона вирусот се намалуваат или укинуваат.

Бројките на новозаразени опаѓаат па и очекувано се намалија ограничивуањата или потполно се отстранија и сега дишеме полесно.

Земјата каде што има доста нашиници, Австрија, поради поволната епидемиолошка состојба, од понеделник ќе ги укине сите правила и рестрикции за влез во земјата.

Како што јавува ,,Блиц” тоа значи дека од понеделник сите патници кои сакаат да заминат во Австрија повеќе нема да мораат да имаат потврда за вакцинација, потврда за прележан ковид-19 или негативен тест.

Новиот начин на влез во земјата важи за граѓаните ширум светот, бидејќи ниту една од нив не е наведена на списокот на земји и региони со поголем ри зик од зараза, според новата регулатива на австриското Министерство за здравство.

Туристичките работници и угостители со недели бараат од австриската влада да го укине режимот „3Г“ за влез во земјата.

Тие посочија дека многу земји веќе ги укинале сите мерки и дека би било лошо туризмот да трпи поради рестрик циите за влез во земјата.

Да се надеваме дека бројот на новозара зени ќе спадне и уште подолу и безгрижно ќе живееме и нема да имаме никакви забрани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *