Стефан Лазаров, поранешниот надежен фудбалер, а своевремено и водител сега важи за еден од најпознатите јутјубери во Македонија.
Неговиот канал на платформата јутјуб во последните години бележи брз напредок и пораст на следбениците.
Содржините беа од најразличен карактер, но откако почна да снима поткастови, истите привлекоа поголемо внимание на јавноста.
Веќе веруваме доволно сте запознаети со сите случувања и работата која отиде предалеку, па МВР и ОЈО веќе се вмешаа.
И покрај се Лазаров најави дека нема да прекине со снимање на јутјуб, но сега остана без значаен дел од заработката што ја имаше.
А причината како што и самиот објави е тоа што му откажаа многубројните спонзори, па сега реши да побара алтернатива.
Па на својот инстаграм профил сподели дека бара работа, цена по договор, а и покажа што знае да работи. Меѓу другото и со копач на нива и физичка работа.