Славко Миловиќ од село Автовац си ја исполни најголемата желба да ja скроти и припитоми дивата свиња Титo со која се дружат повеќе од две години, а сега ја донесе и својата другарка Јоргованка.
Тито го доби своето име затоа што сака да биде во центарот на вниманието и да се грижи за него. Миловиќ за „Глас Српска“ признава дека Тито му се допаѓа многу повеќе од Јоргованка, бидејќи е мирен, но и верен како куче.
Вели дека го купил кога бил мал и дека на почетокот бил немирен, но со љубов и посветеност лесно се дружеле. Со текот на времето, тие станаа неразделни.
„Мојата желба беше само да скротам две диви свињи и успеав. Попаметно животно не сум видел во животот“, изјави Миловиќ.
И додека секојдневно работи на фармата со стоката, вели дека не му е тешко дополнително да се грижи за Тито и неговата една година помлада Јоргованка.
Напротив, нагласува дека е убавина да ги гледаш пред домот, бидејќи стануваат смирени со тоа што ги скротуваат. Тито, вели, го следи каде и да оди.
„Тито е легенда, оди по ридовите и низ полињата, шета и секогаш се враќа на мојот свиреж. Не би го продал, нема пари за кој би го дал.
,, Одлично се сложува и со Јоргованка. Јадат што и да им понудам, сè, а пченката им е омилена. Овошје и зеленчук, да не зборуваме за жито, но и млеко“, вели овој страстен домакин.
Тој додава дека не е исклучено да добие и засилување, бидејќи како што изгледа, постои можност Јоргованка да роди и младенче
Овој човек не се плаши дека Тито ќе го остави и ќе замине, бидејќи знае да оди со километри од дома, но секогаш се враќа. Сепак, дури и да одлучи да го стори тоа, има дозвола од него.
„Сточарството е неизбежен дел од моето секојдневие. Да живеам и 100 години ќе го работам повторно истото. Порано имав до 380 кози, заедно со кравите, но за Тито да ми дадат еден милион не ја давам ,додава Славко.